• недела, 12 мај 2024

КИЦ Битола со меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона

КИЦ Битола со меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона

Битола, 29 август 2023 (МИА) - Културно информативен центар во Битола летната концертна сезона ја завршува со два меѓународни концерти. Првиот концерт „Птиците се враќаат“ ќе се одржи вечер во свечената сала на Офицерски дом, а утре вечер ќе се одржи концертот „Токио носталгија“.

Од КИЦ-Битола информираат дека концертот „Птиците се враќаат“ се организира во соработка со Здружение за македонско-германско пријателство и соработка од Битола, а со поддршка од Гете Институт – Скопје.

-Пред публиката во Битола ќе настапат виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано. Вториот концерт „Токио носталгија“ кој ќе се одржи утревечер со меѓународна екипа музичари, во која членуваат Јордан Костов-хармоника, Гензох Текиша-пијано, Хисао Фукушима-гитара, Андреас Гинтер-саксофон, Шин Ја Охно-гајда и Дамјан Грујо, кој свири на перкашн, соопштија од КИЦ-Битола.

Од КИЦ Битола најавуваат и богата есенска културна понуда.мт/бт/

Фото: КИЦ-Битола

Остани поврзан