• недела, 22 декември 2024

Кирби не ја исклучува можноста американските трупи да помогнат во ослободувањето на заложниците во војната меѓу Израел и Хамас

Кирби не ја исклучува можноста американските трупи да помогнат во ослободувањето на заложниците во војната меѓу Израел и Хамас

Вашингтон, 16 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека не ја исклучува можноста американски војници да бидат распоредени за да помогнат во ослободувањето на заложниците во војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас, објави „Хил“.

Запрашан од Фокс њуз дали целосно ја отфрли можноста за вмешаност на американските сили на теренот, Кирби рече оти „не може да исклучи ништо кога станува збор за враќање на нивните заложници дома“.

-Ние работиме на ова прашање буквално секој час, рече Кирби, додавајќи дека САД во оваа фаза немаат доволно информации, како на пример каде се точно заложниците, ниту колку има.

Се верува дека Хамас држи како заложници над 100 луѓе, меѓу кои цивили, израелски војници и непознат број Американци.

Во саботата, американскиот Стејт департмент соопшти дека 15 Американци се уште се водат како исчезнати, но Вашингтон нагласи дека тоа не мора да значи дека тие биле киднапирани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан