Кина воведува контроли за извоз за десетици американски одбранбени компании
- Како последица на тоа, компаниите повеќе нема да можат да инвестираат во Кина, а нивните главни менаџери нема да имаат право да влезат во земјата.
Пекинг, 2 јануари 2025 (МИА) - Кина воведе контроли за извоз за десетици американски одбранбени компании, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија, јави ДПА.
Испораката на стоки што можат да се користат и за цивилни и за воени цели сега е забранета, со образложение дека мерката е неопходна за заштита на националните интереси и безбедност на Кина, како и за исполнување на меѓународните обврски.
Контролите за извоз важат за вкупно 28 американски компании, меѓу кои се оддели на Lockheed Martin, Raytheon и General Dynamics, соопшти Министерството.
Покрај тоа, голем дел од овие компании се ставени на листата на „недоверливи компании,“ според друго соопштение, исто така објавено денеска.
Како последица на тоа, компаниите повеќе нема да можат да инвестираат во Кина, а нивните главни менаџери нема да имаат право да влезат во земјата. ссм/
фото: архива