• недела, 19 мај 2024

Кикиљас: Дигиталниот ковид-сертификат не е привилегија или казна

Кикиљас: Дигиталниот ковид-сертификат не е привилегија или казна
Атина, 17 јуни 2021 (МИА) – Дигиталниот ковид-сертификат е мерка за заштита на јавното здравје, не го поставуваме како привилегија на вакцинираните или казна, истакна грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас, за време на Самитот на ЕУ во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас на состанокот со неговите колеги од земјите членки на Унијата, рекол дека во изминатиот период се покажа дека справувањето со пандемијата е ефикасно, само кога напорите се заеднички и координирани. Во Грција, пак, Комисијата на епидемиолози во текот на денешниот ден се очекува да одржи состанок на кој ќе се разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално ќе предложи дополнителни олабавувања на мерките. ср/сд/

Остани поврзан