• понеделник, 15 јули 2024

Кејн по поразот од Исланд: Не сакавме на овој начин да тргнеме на ЕП

Кејн по поразот од Исланд: Не сакавме на овој начин да тргнеме на ЕП

Лондон, 8 јуни 2024 (МИА) – Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн го сподели своето мислење за поразот на тимот од Исланд (0:1) синоќа во пријателски натпревар.

- Вака не сакавме да му пристапиме на Европското првенство. Има за што да се стремиме. Ќе станеме посилни! Поддржете ги момците. Ќе се видиме во Германија, напиша Кејн на социјалните мрежи.

Претходно, на 3 јуни Англија исто така во контролен натпревар ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:0. 

Репрезентацијата на Англија предводена од Герет Саутгејт ќе игра на Европското првенство во 2024 година во Германија. Турнирот ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан