• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски

Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски

Ријад, 20 октомври 2024 (МИА) - „Последниот танц беше епски“. Ова беа зборовите кои српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги упати кон еден од својите најголеми ривали во богатата кариера - Рафаел Надал.

Ѓоковиќ со 6:2, 7:6(5) го совлада Шпанецот во мечот за третото место на егзибицискиот турнир „Сикс кингс слем“ во Саудиска Арабија.

Пред само неколку дена, Надал го објави претстојниот крај на својата натпреварувачка кариера.

-И, се разбира, беше и емотивно. Засекогаш ќе го негувам нашето ривалство. Ќе му недостигаш на тенисот. Каков посебен турнир, сподели Ѓоковиќ во објава на социјалната платформа Инстаграм, каде објави неколку заеднички фотографии со Надал. дс  

Фото: Архива

Остани поврзан