• вторник, 16 јули 2024

Кер: Не ги докрајчуваме противниците кога ќе се најдат во тешки ситуации

Кер: Не ги докрајчуваме противниците кога ќе се најдат во тешки ситуации
Сан Франциско, 7 март 2022 (МИА) - Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, зборуваше за проблемите со кои се соочи тимот во последните натпревари. Голден Стејт на вчерашната средба со Лос Анџелес лејкерс пропушти голема предност и му дозволи на противникот да ја прекине серијата од четири порази. - За време на овој натпревар имавме таква типична ситуација. Не ги докрајчуваме противниците кога ќе се најдат во тешки ситуации. Правиме грешки и ги оставаме да се вратат во игра. А кога го дозволувате ова во НБА-лигата, тогаш сè е лошо за вас, изјави Кер. Вориорс имаат осум порази во последните 10 натпревари. Голден стејт и покрај лошата серија, се наоѓа на 2.место на табелата во Западната конференција. Тимот предводен од Кер има биланс од 43 победи и 21 пораз. зс/

Остани поврзан