Кенискиот претседател ја распушти владата по неколкунеделни протести
- Кенискиот претседател Вилијам Руто денеска ја распушти владата по неколкунеделни протести поради најавената нова даночна политика.
Најроби, 11 јули 2024 (МИА) - Кенискиот претседател Вилијам Руто денеска ја распушти владата по неколкунеделни протести поради најавената нова даночна политика.
Во телевизиско обраќање, Руто вети дека ќе формира нова влада која ќе биде ефикасна и го разреши од должностите јавниот обвинител.
Кенија е во немири веќе три недели, а демонстрантите упаднаа во Парламентот на 25 јуни по усвојувањето на Законот за финансии со кој се зголемија даноците.
Повеќе од 30 луѓе загинаа во демонстрациите со кои се бара оставка на Руто. паг/
Фото: ЕПА