• сабота, 21 декември 2024

Кај возач од Битола констатирано присуство на 4.03 промили алкохол

Кај возач од Битола констатирано присуство на 4.03 промили алкохол

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Кај возач од Битола денеска било констатирано присуство на 4.03 промили алкохол во акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР.

Како што соопшти МВР, на територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 биле упатени на технички преглед. 

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од МВР. мд/аа/

Фото: МВР 

Остани поврзан