Кац: Израелската армија планира одговор на натамошни ирански закани
- Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека војската на земјата планира да преземе натамошни чекори по војната со Иран, со цел да се осигура дека Исламската Република повеќе нема да претставува закана.
Тел Авив, 4 јули 2025 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека војската на земјата планира да преземе натамошни чекори по војната со Иран, со цел да се осигура дека Исламската Република повеќе нема да претставува закана.
Израел Кац денеска рече дека војската подготвува план за спроведување на оваа цел.
- Војската мора да се подготви, како во однос на разузнавањето така и во операциите, за да обезбеди воздушна супериорност над Техеран и да го спречи Иран да ги обнови своите капацитети, рече министерот по состанокот со високи воени претставници.
Израел почна војна против својот главен непријател Иран на 13 јуни, извршувајќи масовни воздушни напади врз цели низ целата земја. Техеран одговори со жестоки ракетни напади врз Израел.
На 24 јуни, американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу двете земји. Непосредно пред тоа, САД исто така влегоа во војната и го нападнаа подземниот ирански нуклеарен објект во Фордо.
Израелските напади беа предизвикани од стравувањата дека иранските власти го унапредуваат создавањето нуклеарно оружје, обвинение кое Иран го негира. јт/
Фото: ДПА