• сабота, 27 јули 2024

Катар потврди дека Црвениот крст прифатил 24 заложници од Газа

Катар потврди дека Црвениот крст прифатил 24 заложници од Газа

Доха, 24 ноември 2023 (МИА) - Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари потврди дека е примена група заложници од Газа.

„Потврдуваме дека Црвениот крст прими 24 цивили задржани во Појасот Газа, вклучително и голем број цивили - жени и деца, согласно договорот за хуманитарно примирје“, напиша портпаролот на социјалната мрежа X.

„Исто така, голем број тајландски граѓани се ослободени надвор од рамките на договорот за примирје и тие во моментов се на пат да излезат од Појасот со Црвениот крст“, додава тој.

Во претходните изјави беше соопштено дека денеска ќе бидат ослободени 13 израелски и 12 тајландски заложници.

Ели Бин од Маген Дејвид Адом изјави за Канал 12 дека бројот на ослободени тајландски заложници на крајот бил 11, иако тоа не е потврдено од владини претставници. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан