• сабота, 13 јули 2024

Касемиро: Тен Хег минатата сезона покажа дека Манчестер jунајтед може да расте под негово водство и е способен за големи достигнувања

Касемиро: Тен Хег минатата сезона покажа дека Манчестер jунајтед може да расте под негово водство и е способен за големи достигнувања

Манчестер, 31 јануари 2024 (МИА) - Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро верува дека Ерик тен Хаг може да го однесе тимот на повисоко ниво.

- Не сум јас личноста која одлучува кој да ја преземе функцијата тренер, имаме квалификувани луѓе за ова. Но, Тен Хаг минатата сезона покажа дека Манчестер јунајтед може да расте под негово водство. Минатата сезона имавме навистина добри настапи, тимот се креваше - тоа беше трендот. Се разбира, на Манчестер јунајтед секогаш му треба повеќе и повеќе, на клубот секогаш му треба да победува, но минатата сезона покажавме дека сме способни за големи достигнувања, изјави Касемиро.

Манчестер Јунајтед минатата сезона го освои англискиот Лига куп.  Оваа сезона тимот е на 9. место во Премиер лигата. 

Тимот на Тен Хаг не успеа да ја помине групата во Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан