• петок, 12 јули 2024

Касемиро неизвесен за натпреварот со Бетис

Касемиро неизвесен за натпреварот со Бетис

Манчестер, 7 март 2023 (МИА) - Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро може да го пропушти осминафиналето од Лигата на Европа против Бетис, објави ЕСПН.

 

Според изворот, 31-годишниот фудбалер се повреди на натпреварот од 26. коло од Премиер лигата против Ливерпул (0:7). Клубот ќе ја процени состојбата на играчот од средниот ред пред натпреварот.

 

Касемиро оваа сезона забележа 35 настапи за Манчестер јунајтед, постигна пет гола и пет асистенции.

 

Манчестер јунајтед – Реал Бетис ќе се одиграат на 9 март. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан