Карикатуристот Миле Манчевски со изложба во Велес за 40 години творештво
- Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на познатиот во светски рамки карикатурист Миле Манчевски кој се потпишува под псевдонимот МИЛМАН. Тој на оваа јубилејна изложба во својот роден Велес каде и живее и твори во преполниот салон со публика од љубители на карикатурата, негови пријатели, познаници и гости се претстави со 60 карикатури кои биле претставени на меѓународни фестивали на карикатурата во 60 земји во светот, од Канада до Јапонија.
Велес,18 септември 2025 (МИА) – Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на познатиот во светски рамки карикатурист Миле Манчевски кој се потпишува под псевдонимот МИЛМАН. Тој на оваа јубилејна изложба во својот роден Велес каде и живее и твори во преполниот салон со публика од љубители на карикатурата, негови пријатели, познаници и гости се претстави со 60 карикатури кои биле претставени на меѓународни фестивали на карикатурата во 60 земји во светот, од Канада до Јапонија.
Манчевки во изјавата за МИА, потенцира дека е среќен на оваа изложба на која е претставено најдоброто од неговото 40-годишно творештво.
За прашањето за почетоците и денес по 40 години тој потенцира дека за жал многу од темите на кои работи се исти.
- Меѓутоа во тоа време карикатурите беа едно во таа бивша Југославија, темите беа други со слична проблематика со денескa. Сега за жал карикатурата е насочена со пораките за мир во светот, да се запрат војните, потенцира Манчевски.
На прашањето каде е македонската карикатура и во светот, тој оценува дека македонските карикатуристи со нивните карикатури добро котираат во светот благодарение на „Остен“ и неговата Светската галерија на карикатури која е врв во светот од областа на фестивалите за карикатура.

- Ние колку сме толку сме македонски карикатиристи многу успешно ја претставуваме македонската карикатура и со неа својата земја во светот, а јас и својот роден град Велес, потенцира Манчевски.
Мице Јанкуловски кој излага со години во „Остен“ потенцира дека да се биде дел од „Остен “ и од Светската галерија е врв во светот во областа на карикатурата, а меѓу нив е и Миле Манчевски.
Корнелија Конеска извршен директор на „Остен“ која исто така зборуваше на отворањето на изложбата во изјавата за МИА, потсети дека Светскта галерија на карикатури е формирана во 1969 година од редакцијата на списанието „Остен“.
- Со Светската галерија на карикатури, Скопје и Македонија прераснуваат во центар на светската карикатура.Меѓутоа македонските карикатурусти кои биле едни од најзначајните во светската карикатура ,а меѓу кои еден од помладите е Миле Манчевски последниве години со згаснување на повеќето весници и списанија каде се претставувале не обезбедуваат систем на продолжување на нивното творештво. Сега со појавата на социјалните мрежи нема артикулиран израз на одредена критичка мисла како што е карикатурата,туку се’ се постира на нив во моментот кога ќе се помисли без никакво филтер и познавање.Но карикатурите на Миле Манчевски се борат токму против оваа состојба во самото општество и во она што претставуваат карикатурите денес, потенцира Конеска.
Додава дека карикатурите на Миле се гег карикатури кои имаат виц и затоа неговите карикатури предизвикуваат смеа кај публиката што е од особено значење за карикатурата.
-Не многу медиуми тоа го прават,а карикатурата го има тоа својство да ги засмејува луѓето,а тоа е прекрасно.Ние неговите колеги сме тука на изложбата.Со тоа од наше и името на останатите колеги карикатуристи од земјава,регионот и целиот свет за да му дадеме поддршка за понатамошна успешна работа, потенцира Конеска.
Инаку Миле Манчевски е автор на повеќе стрипови, а учесник на повеќе фестивали, самостојни и групни изложби во земјава и странство.
Наградуван е на повеќе конкурси и фестивали за карикатура во цел свет.
Манчевски воедно ни најави дека веќе собира карикатури од меѓународни фестивали и веќе се подготвува за следната јубилејна изложба 45 години творештво. Тој оваа своја изложба по Велес планира да ја претстави и во други градови во земјава и странство. ад/
Фото: МИА