• четврток, 16 мај 2024

Канаѓанката Жермен сензационална победничка на слаломот на СП во Франција

Канаѓанката Жермен сензационална победничка на слаломот на СП во Франција

Мерибел, 18 февруари 2023 (МИА) – Скијачката од Канада, Лоренс Сен-Жермен направи големо изненадување со победатат на денешниот слалом возен на Светското првенство во Куршевел и Мерибел.

Лоренс која до денес најдобар пласман на една слаломска трка и беше 6.место, денешните две трки ги заврши со вкупно време 1:43,15 минута.

Големата фаворитка за триумф, Микаела Шифрин (САД) беше водечка по првото возење, но на крајот мораше да се задоволи со сребрен медал. Нејзиниот заостаток зад победничката изнесува 57 стотинки.

Третото место и бронзениот медал го освои Лена Дир од Германија со време 1:43,84 минута.

На денешниот слалом настапи и Македонката Јана Атанасовска која не успеа да ја заврши првата трка.

Утре на Мундијалот во Куршевел и Мерибел на распоредот е машкиот слалом. зс/

Остани поврзан