• недела, 22 декември 2024

„Камп Ноу“ може да биде преименуван во чест на Меси

„Камп Ноу“ може да биде преименуван во чест на Меси
Барселона, 27 ноември 2020 (МИА) - Кандидатот за претседател на Барселона, Емили Русо, вети дека ќе одржи референдум за преименување на стадионот „Камп Ноу“ во чест на напаѓачот Лионел Меси. - Ќе одржиме референдум за промена на името на стадионот „Камп Ноу“во чест на Лео Меси“, изјави Русо за „Goal“. За потсетување, минатото лето, Меси се обиде да го раскине договорот со каталонскиот клуб пред предвидениот рок. Напаѓачот влезе во конфликт со управата поради незадоволство од ситуацијата во тимот, но на крајот беше убеден да остане во Барселона до крајот на сегашниот договор. Меси игра во каталонскиот клуб од 2003 година. Со тимот, тој стана десеткратен шпански шампион и четирикратен победник во Лигата на шампионите. Покрај тоа, Аргентинецот има шест „Златни топки“. зс/

Остани поврзан