• четврток, 26 март 2026

Винисиус не тренира, Анчелоти одговори дали Реал Мадрид игра подобро без него

Винисиус не тренира, Анчелоти одговори дали Реал Мадрид игра подобро без него

Мадрид, 14 март 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објасни зошто напаѓачот Винисиус Јуниор (24) го пропуштил тренингот пред натпреварот од 28. коло на Ла Лига против Виљареал.

-На Винисиус му требаше повеќе одмор“ Утре ќе биде достапен, нема никакви проблеми, само замор. Дали играме подобро без Винисиус? Неговото значење е исклучително. Тој е многу важен за овој клуб и немам што да додадам, изјави стручњакот на прес-конференција.

Поради непријатност во петокот, Бразилецот работел во теретана со физиотерапевт.

Оваа сезона Винисиус одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 гола и асистираше за уште 11. дс

Фото: Архива

Остани поврзан