• петок, 05 декември 2025

У15: Втор пораз на македонските фудбалери од Хрватска

У15: Втор пораз на македонските фудбалери од Хрватска


Скопје, 14 март 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 15 години претрпе нов пораз со 3:0 од соодветната селекција на Хрватска во рамки на втората контролна средба одиграна денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Хрватска дојде во водство 27. минута со автоголот на Аксентиев.
Во продолжението, избраниците на селекторот Илами Исејни преку Стојанов и Селими се заканија по голот на Хрватска, но гостинскиот голман и во двете ситуации одлично интервенираше.
Шкерго во 69. минута го зголеми водството на Хрватска. Три минути подоцна Иван Чалета ги постави конечните 3:0. ег
ФОТО: ФФМ

Остани поврзан