• вторник, 19 ноември 2024

Кампањата на Трамп нормално продолжува со активностите по обидот за атентат

Кампањата на Трамп нормално продолжува со активностите по обидот за атентат

Вашингтон, 17 септември 2024 (МИА) - По вториот обид за атентат за два месеци, кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и неговите сојузници соопштија дека тој ќе продолжи со своите активности оваа недела како што беше планирано – и најверојатно ќе продолжи да игра голф.

Трамп се сретна со вршителот на должноста директор на Тајната служба на САД во неговиот дом во Палм Бич, Флорида, даде интервју и го спомна настанот само еднаш на платформата Truth Social.

Тој неосновано тврдеше во интервју за Fox News дека осомничениот напаѓач постапувал по „многу провокативната реторика“ на Демократите, а подоцна го продолжи ваквиот наратив по социјалните мрежи, пренесува Скај Њуз. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан