• недела, 22 декември 2024

Како Римјаните учеле од своите грешки?

Како Римјаните учеле од своите грешки?

Кембриџ, 19 авгyст 2024 (МИА) - Стариот Рим имал извонредни инженери, како што е познато, па и пред 2.000 години Римјаните имале, на пр., подно греење и водовод... Но, во новиот напис на „Гардијан“ (The Guardian) се поголемите грешки во тие древни градби.

Имено, два бунари изградени во првиот век од нашата ера, пронајдени во поле во областа Кембриџшир во Источна Англија, од археолози од Археолошкиот музеј во Лондон, ги откриваат обидите и грешките при сложената и изградба... Бунарите биле дел од римска работничка населба со метало-преработувачки погон, што постоела меѓу 43. и 150. година од н.е. Патем, една од ископаните дупки не била обложен со дрвени штици, а другата - била. Сепак и двата бунара се добро сочувани како археолошки наоѓалишта и по речиси две илјадалетија затрупаност.

Според наодите, првиот бунар - оној што имал само скала внатре, самиот се урнал поради недоволно и несоодветно обезбедени ѕидови. Скалата била закопана во тој бунар кога се урнала.

Римските градители се обиделе вторпат тие научија од својата грешка. Овојпат, тие ја обложиле новоископаната дупка со дрво и тоа траело подолго. Сајмон Маркус, раководител на археолошкиот потфат, објасни како при првиот обид, трудот се изјаловил пред самиот крај.

- Дефинитивно ќе има прилично многу фрустрации во загубите по тој обем на работа. Фактот дека скалата била во бунарот укажува дека тие сè уште работеле на бунарот во мигот на уривањето. Биле на околу 8,5 метри надолу, па се приближувале кон крајот на ископувањето. Како што откритијата од самиот почеток говореа - глината буквално се лупи од понабиената земја и карпа. Ова било неуспех на римското инженерство, по вложен напор во копањето на овој бунар, кој потоа морале целосно да го напуштат, појасни Маркус.

Тој додава и дека орудијата што луѓето тогаш ги користеле биле многу различни од денешните.

- Геологијата е сосем солидна. Значи, тоа бил макотрпна работа. Самата глетка на исчезнувањето на сиот тој труд - веројатно било голема непријатност за нив, нагласува научникот.

На дното на бунарот, археолозите пронашле и поплочена камена површина, којашто била предвидена за филтрирање на тињата, давајќи така малку почист извор на вода. Археолозите, исто така, пронашле и можни показатели за римски пат во близина на наоѓалиштето, што укажува дека погонот најверојатно бил дел од поширока трговска мрежа.  си/

Фото: Археолошкиот музеј во Лондон

Остани поврзан