• петок, 26 јули 2024

Казни за 144 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Казни за 144 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 144 возачи.

Како што соопштија денеска од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан