• понеделник, 06 мај 2024

Казнети 190 возачи на територија на цела држава

Казнети 190 возачи на територија на цела држава

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден казнети се 190 возачи во акциската контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, 14 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица возачи се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан