• среда, 10 јули 2024

Казнети 182 возачи во Скопје, 81 за брзо возење

Казнети 182 возачи во Скопје, 81 за брзо возење

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на СВР - Скопје изречени се вкупно 182 мерки. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина - 81 санкциjа, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

МВР информира дека изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан