• вторник, 12 ноември 2024

Казнети 156 возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Казнети 156 возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) - На територија на град Скопје вчера се изречени 156 сообраќајни санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, девет за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнуваат од МВР.лв/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан