• сабота, 22 февруари 2025

Кавадарчанец пријавен дека ја нападнал сопругата, малолетници се степале во средно училиште 

Кавадарчанец пријавен дека ја нападнал сопругата, малолетници се степале во средно училиште 

Кавадарци, 13 февруари 2025 (МИА) - Кавадарчанец пријавен дека ја нападнал сопругата, малолетници се степале во средно училиште, ова се само дел од настаните пријавени во полиција, а за кои денеска информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес. 

- Вчера во 12 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.Ј.(64) од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 64 - годишна сопруга. Ѓ.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР - Велес. 

Истиот ден, нешто порано, во 10:50 часот во ОВР - Кавадарци, од болницата било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од овој град. По преземени мерки било утврдено дека малолетникот се здобил со повредите во средно општинско училиште во Кавадарци, при физичка пресметка со друг малолетник од село Корешница, демиркаписко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

- Синоќа во 20:30 и 23:10 часот во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчанецот З.Ч.(42) и еден малолетник. На улица „Тиквешко востание“, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продава зелена растителна материја, што подоцна била пронајдена кај малолетникот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафена цврста материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка, појаснија од СВР - Велес. 

Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

- Синоќа во 16 часот во СВР - Велес било пријавено дека во село Пепелиште, неготинско, настанал пожар во имот засаден со дрва, сопственост на В.З.(60) од ова село. Од екипа на Територијалната противпожарна единица - Неготино, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираа од СВР - Велес. свд/дма/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан