• среда, 01 мај 2024

Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации 

Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации 

Кавадарци, 16 април 2024 (МИА) - Општина Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации. Во салата на општинската зграда, градоначалникот Митко Јанчев, заедно со претставници на граѓанските организации, денеска ги потпиша договорите за реализирање на проектните активности. 

- Се работи за повеќе приоритетни области за 2024 година, согласно распишаниот јавен повик за прибирање на предлог проекти, наменети за организации, регистрирани на територијата на општината Кавадарци, појаснија од Општината. 

Оттаму додадоа дека финансиски средства од локалниот буџет се одобрени на вкупно 22 организации, со одобрен буџет за финансирање од 2.210.000,00 денари. свд/цр


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан