Кавадаречките населби Голи Оток и Брушанско Маало без вода за пиење поради дефект
- Поради дефект на главна линија за дел од високата зона на градот, без вода за пиење ќе останат населбие Брушанско Маало и Голи Оток, соопштија од претпријатието.
Кавадарци, 2 февруари 2026 (МИА) - Голи Оток и Брушанско Маало се двете населби што денеска остануваат без вода за пиење поради дефект, информираа доцна синоќа од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.
- Поради дефект на главна линија за дел од високата зона на градот, без вода за пиење ќе останат населбите Брушанско Маало и Голи Оток - соопштија од претпријатието.
Од претпријатието посочија дека прекинот во водоснабдувањето за двете населби ќе трае додека да се отстрани дефектот и да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.
Од „Комуналец“ побараа разбирање од жителите на овие две населби. свд/вј/
Фото: МИА архива