И годинава ќе има дневен престој за учениците до четврто одделение во основните училишта во Општина Карпош
- Општина Карпош ја информира јавноста дека и годинава ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение во основните училишта на општината.

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Општина Карпош соопшти дека и годинава ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение во основните училишта на општината.
- Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужинки, постојани реконструкции на училишните објекти, истакнаа од општина Карпош.
Нагласуваат дека непријатно се изненадени од неодговорниот однос на одредени советници и ширењето лаги и шпекулации, како што посочуваат, со цел заработка на одредени политички поени, за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците. сан/са/
Фото: МИА архива