• недела, 22 декември 2024

Истражување: Поддршката на израелските граѓани за повторна окупација на Појасот Газа е намалена

Истражување: Поддршката на израелските граѓани за повторна окупација на Појасот Газа е намалена

Ерусалим, 30 октомври 2023 (МИА) - Последното истражување на јавното мислење во Израел покажа дека јавната поддршка за долгорочната окупација на Појасот Газа е намалена, бидејќи израелската Армија навлегува подлабоко на палестинската територија.

Како што јави ДПА, поддршката падна од 65 отсто, колку што беше на 10 октомври, на 46 отсто, според истражувањето на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, кој и двата пати го анкетираше истиот примерок од 1.774 луѓе.

-Гледаме континуиран пад на израелската поддршка за окупацијата на Газа, вели Нимрод Нир, истражувач на Факултетот за општествени науки.

Нир рече дека Израелците биле шокирани во првата недела по нападот на палестинскиот Хамас на југот на Израел, дека во втората шокот бил заменет со гнев, а сега се повеќе загрижени за заложничката ситуација и помалку ја поддржуваат целосната окупација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан