• среда, 26 јуни 2024

Истражување: Етничкото потекло има улога во склоноста кон болести

Истражување: Етничкото потекло има улога во склоноста кон болести

Амстердам, 7 март 2023 (МИА) - Етничката припадност игра улога во предусловите за одредени болести и склоноста, посочија научните испитувања во рамките на проектот „Хелиус“ на Здравствената служба на Градот Амстердам и Медицинскиот факултет во главниот град на Холандија.

Така, луѓето кои не се со „чисто“ холандско потекло се поподложни на депресија, дијабетес, проблеми со срцето и дебелина, во однос на оние кои имаат холандски корени. Според истражувањата, секој петти Холанѓанец со турско потекло во Амстердам има симптоми на депресија, додека соодносот меѓу луѓето со чисто холандско потекло е еден од 20 луѓе.

- Депресијата, на пр. не е почеста само кај граѓаните на Амстердам кои потекнуваат од Турција, туку и кај нивните деца кои се родени во Холандија, нагласи Ања Лок, член на истражувачкиот тим.

Таа ги објаснува овие сознанија, делумно, со „релативно нискиот социо-економски статус“ на граѓаните со турско потекло, како и со фактот дека ова население почесто се соочува со дискриминација. Исто така, околу третина од граѓаните на Амстердам со турско потекло, како и оние со потекло од Гана - имаат прекумерен вишок килограми. Споредено со овие податоци, оваа бројка кај граѓаните со чисто холандско потекло е 10 отсто.

Од друга страна, Холанѓаните се повеќе склони кон потешки облици на алкохолизам отколку другите етнички групи во Амстердам.  си/

Остани поврзан