• недела, 12 мај 2024

Истрага против 18-годишенo момче од Тетово кај кого е пронајдена марихуана за продажба

Истрага против 18-годишенo момче од Тетово кај кого е пронајдена марихуана за продажба

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18 годишен жител на Тетово, во чиј дом е пронајдена марихуана наменета за продажба.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, лицето се товари за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

- При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата „180“ во Тетово, полицијата пронашла околу 200 грама наркотична дрога – марихуана, распоредена во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба, како и семки од растението канабис, стои во соопштението од ОЈО Скопје.

Оттаму дополнуваат дека на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото. ар/бак/


Фото: МИА архива 

Остани поврзан