• петок, 02 август 2024

Истрага на австралиската Влада: Сериозни пропусти на ИДФ во нападот на 1 април врз хуманитарен конвој во Газа

Истрага на австралиската Влада: Сериозни пропусти на ИДФ во нападот на 1 април врз хуманитарен конвој во Газа

Сиднеј, 2 август 2024 (МИА) - Нападот на 1 април во Појасот Газа во кој загинаа седум хуманитарни работници е резултат на „сериозен пропуст“ на израелската армија, се наведува во истражниот извештај што денеска го објави австралиската Влада.

Истрагата, што му беше доверена на поранешниот шеф на Воено-воздухопловните сили, Марк Бински, ја нареди Канбера поради убиството на еден австралиски државјанин во серијата од три напади во кои загинаа тројца Британци, како и хуманитарец со двојна американско и канадско државјанство, Полјак и Палестинец.

Седумте жртви работеле за американската организација World Central Kitchen (WCK), која ја основал готвачот Хозе Андрес .

Израелската војска призна низа грешки на различни нивоа.

Нападот „не бил свесно или намерно насочен против WCK“, се наведува во извештајот, потсетувајќи дека внатрешната истрага на израелската војска заклучила дека „сериозната грешка е резултат на сериозен неуспех поради лоша идентификација, грешки во донесувањето одлуки и прекршување на правилата за ангажман и стнадрадните оперативни процедури“

Како што покажува документот, израелската армија го измешала хуманитарниот конвој со конвојот на палестинското исламистичко движење Хамас бидејќи на покривот на еден од камионите имало вооружен чувар кој очигледно работел за WCK.

„Се чини дека погрешија контролите на ИДФ, што доведе до грешки во донесувањето одлуки и погрешно идентификување“, се наведува во извештајот.сд/

Остани поврзан