• петок, 22 ноември 2024

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Шамони, 4 февруари 2023 (МИА) – Гркот Ej Џеј Јанис го освои второто место на денешниот слалом возен во Шамони, Франција. Овој резултат е историски за грчкото скијање, бидејќи за прв пат еден натпреварувач од нашиот јужен сосед се најде на победничкиот подиум на трка од Светскиот скијачки куп.

Инаку, победник е Швајцарецот Рамон Ценхојзер со вкупно време 1:42.94 минута, односно 1,02 секунди побрзо од второпласираниот Јанис.

Трет беше Даниел Јул од Швајцарија.

За Ценхојзер ова е петта победа во кариерата и прва по по две години.

На табелата во дисциплината слалом водечки во светскиот куп е Лукас Братен од Норвешка со 430 бодови, пред Јул со 394 и Хенрик Кристофферсен со 389. Денешнито победник, Ценхојзер се проби на четвртата позиција со 327 бода. зс/

Остани поврзан