• сабота, 22 февруари 2025

Шмајхел го продолжи договорот со Селтик

Шмајхел го продолжи договорот со Селтик

Глазгов, 22 јануари 2025 (МИА) - Прес-службата на шкотскиот фудбалски клуб Селтик објави продолжување на договорот со 38-годишниот дански голман Каспер Шмајхел. Данецот се обврза на соработка до 2026 година.

Летото 2024 година, Шмајхел стана играч на Селтик. Тој настапи на 34 натпревари, вклучувајќи и шест натпревари во Лигата на шампионите.

Селтик моментално е на врвот на табелата во шкотската Премиер лига со 60 бодови по 23 натпревари. Во Лигата на шампионите, тимот се наоѓа на 23. место со девет освоени бода од шест натпревари.

Пред да дојде во Селтик, Шмајхел долго време помина во Лестер, каде што забележа речиси 500 настапи. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан