Хиро прв пат не играше од почетокот на сезоната, Мајами без него загуби од Портланд
- Тајлер Хиро го пропушти првиот натпревар од сезоната 2024/25 во НБА-лигата.
Мајами, 22 јануари 2025 (МИА) - Тајлер Хиро го пропушти првиот натпревар од сезоната 2024/25 во НБА-лигата.
Хиро не можеше да игра ноќеска против аутсајдерот од Западната конференција, Портланд поради проблеми со препоните.
Мајами загуби со 116:107.
-Тешко е да се разбере зошто се случи овој пораз. Без Тајлер, нашиот тим не беше на највисоко ниво, изјави тренерот на Хит, Ерик Споелстра.
Со просек од 24 поени по натпревар Хиро е најдобар стрелец на Мајами оваа сезона. зс/
Фото: ЕПА