• среда, 25 декември 2024

Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена како никогаш досега, оценува премиерот Мицкоски

Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена како никогаш досега, оценува премиерот Мицкоски

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена како никогаш досега откако е независна Македонија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера објави дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците.

- И тоа е нешто што навистина претставува големо постигнување, повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку, вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она кое што претставува историски најголем резултат.  Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди, коишто досега се незабележани, истакна премиерот. 

Тој подвлече дека навистина е задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и дека се надева дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците. 

-Следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, а помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Влада и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што, сега засега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа кое што е постигнато, нагласи Мицкоски кој беше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода. свд/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан