• недела, 22 декември 2024

Исплатени 199,4 милиони денари дополнителна поддршка за 5 851 лозаропроизводител

Исплатени 199,4 милиони денари дополнителна поддршка за 5 851 лозаропроизводител

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Платежната агенција денеска исплати 199,4 милиони денари дополнителна поддршка до 5 851 лозаропроизводител. 

Висината на дополнителните директни плаќања изнесува два денара за килограм.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во земјава или е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет регистриран за производство на вино.

-Преку новиот модел за субвенционирање што почна со примена од оваа година, земјоделците се сведоци на побрза и редовна исплата на субвенциите. Навремено и пред законскиот рок исплатени се во целост сите основни субвенции кон земјоделците. Токму кон лозаропроизводителите досегашната исплатена поддршка во оваа 2023 година достигнува близу 800 милиони денари. Следува мерката за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, односно зелената нафта, мерка за која нашата држава е единствена во регионот со таков вид на поддршка кон земјоделците. Дополнително како резултат на новиот модел за субвенционирање, кон сите земјоделци следува реализирање на 30 отсто авансна исплата на субвенциите. Земјоделците, за прв пат во една година, ќе добијат дел од субвенциите за истата тековна година, информира МЗШВ. мч/са/

фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан