• понеделник, 04 ноември 2024

Ирскиот претседател Мајкл Хигинс ноќеска задржан во болница 

Ирскиот претседател Мајкл Хигинс ноќеска задржан во болница 

Даблин, 1 март 2024 (МИА) - Ирскиот претседател Мајкл Хигинс ноќеска почуствувал слабост и бил примен во болница, каде му биле направени тестови, а првите резултати покажуваат дека неговата состојба е добра, соопштија од неговиот кабинет.

Британските медиуми наведуваат дека претседателот Хигинс прво бил прегледан во неговата резиденција, каде што не бил идентификуван ургентен проблем, но била донесена одлука тој да замине во болница за да биде подложен на дополнителни тестирања.

Од неговиот кабинет додаваат дека претседателот е одлично расположен и му се заблагодарил на медицинскиот персонал за грижата.

Хигинс (82) следната година ќе го заврши својот втор и последен седумгодишен мандат како претседател на Ирска.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан