• четврток, 18 јули 2024

Иран: Шест кандидати добија дозвола да учествуваат на претседателските избори на 28 јуни

Иран: Шест кандидати добија дозвола да учествуваат на претседателските избори на 28 јуни

Техеран, 9 јуни 2024 (МИА) – Советот на чувари на Исламската револуција денеска објави шест кандидати за претседателските избори во Иран, кои се закажани за 28 јуни, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите беа избрани од Советот на чувари, тело во кое доминираат конзервативците, одговорно за надзор на изборниот процес.

Кандидатури поднесоа 80 лица, од кои само еден е реформатор, додека кандидатурата на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад беше одбиена.

Претседателските избори се организираат поради смртта на Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.

Советот на чувари ја продолжи својата традиција да не ја прифаќа кандидатури на жени или на некој што повикува на радикални промени во управувањето со земјата.

Најистакнатиот кандидат за победа на изборите е Мохамад Багер Калибаф, поранешен градоначалник на Техеран со блиски врски со паравоената Револуционерна гарда, кој многумина го паметат по учеството во насилната пресметка со иранските студенти за време на универзитетските протести во 1999 година.

Калибаф неуспешно се кандидираше за претседател во 2005 и 2013 година. Тој се повлече од претседателската кампања во 2017 година, а во 2021 година го поддржа Раиси.

Одлуката на Советот за чувари, составен од верски имами и правници, под надзор на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, го означи почетокот на кратката двонеделна кампања за претседателските избори. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан