• недела, 22 декември 2024

Белата куќа соопшти дека демократијата на Молдавија останува силна пред руската закана

Белата куќа соопшти дека демократијата на Молдавија останува силна пред руската закана

Вашингтон, 21 октомври 2024 (МИА) - Резултатите од изборите во Молдавија покажуваат дека демократијата во земјата останува силна и покрај обидот на Русија да ја поткопа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Истовремено, Кирби ги поздрави резултатите од референдумот на кој Молдавците гласаа за влез во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е чекор напред во европската интеграција на Молдавија.

„Резултатите покажуваат дека молдавската демократија е силна“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан