• вторник, 22 октомври 2024

Мелони по повод втората годишнина од формирањето на нејзината Влада: Одлучно продолжуваме напред се додека ја имаме поддршката од граѓаните

Мелони по повод втората годишнина од формирањето на нејзината Влада: Одлучно продолжуваме напред се додека ја имаме поддршката од граѓаните

Рим, 21 октомври 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека Владата на чело со неа ќе продолжи одлучно да работи на спроведување на својата програма, додека ја има поддршката од граѓаните.

„Се додека ја имаме поддршката од граѓаните, ќе продолжиме да работиме одлучно, со крената глава, да ја реализираме нашата програма и да и помогнеме на Италија да расте, да стане силна, кредибилна и почитувана“, рече Мелони во објавата на социјалните мрежи, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони рече дека Владата „тоа им го должи на Италијанците, на оние што ги избраа и на оние кои иако не гласаа за нив, се надеваат дека добро ја вршат својата работа“.

„На работа, без застанување, без страв“, истакна Мелони, објавувајќи селфи во пресрет на втората годишнина од формирањето на Владата. рп/

Фото: АНСА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан