• сабота, 21 декември 2024

Ора њуз: Симболиката на СПАК! Случајност или? На 21 октомври лани беа преземени судски мерки и против Сали Бериша

Ора њуз: Симболиката на СПАК! Случајност или?  На 21 октомври лани беа преземени судски мерки и против Сали Бериша

Тирана, 21 октомври 2024 (МИА) - Под наслов „Симболиката на СПАК! Случајност или? Ора њуз, објавува дека токму на денешен ден, пред една година, законски мерки биле преземени и кон лидерот на Демократската партија, Сали Бериша.

- Лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, денеска, 21.10.2024 година, беше флагрантно уапсен во неговиот автомобил додека одел кон седиштето на партијата. За потсетување, на истиот датум, пред точно една година, мерката обврска за јавување и забрана за излез од земјата, со одземање на патната исправа, беше изречена и за лидерот на Демократската партија, Сали Бериша и двајцата поранешни шефови на абанската држава и екс-премиери, наведува телевизијата.

Додава дека бидејќи Бериша не ги почитуваше двете мерки  на 30 декември 2023 година му беше одреден домашен притвор а деновиве  Специјалниот суд против организиран криминал и корупција за 24 октомври го закажа прелиминарното рочиште за досието „Партизан“ во кој се обвинети Бериша, неговиот зет за ќерка и уште неколку бизнисмени од областа на градежништвото.

-Денеска, по наредба на СПАК, Мета беше уапсен во врска со досието за скандалот со лобирање во САД и ЧЕЗ-ДИА, обединети во едно. Мета се товари за перење пари, корупција во 3 случаи и непријавување приходи. Специјалниот суд и одреди мерката задолжително јавување и на неговата сопруга Моника Круемади, која е пратеничка. Домашен притвор е изречен и на две други лица Ема Чок и Пиро Џиџо, татко на потпретседателката на Партијата на слободата, Ериса Џиџо, посочува Ора њуз. вт/
 

 

Остани поврзан