• четврток, 26 март 2026

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната

Техеран, 6 март 2026 (МИА) -  Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување поради војната, објавија денеска иранските медиуми, пренесе ДПА.

Сите академски активности се суспендирани, објави реформистички ориентираниот онлајн портал „Еслахат њуз“, повикувајќи се на Министерството за наука.

Според извештајот, и часовите со физичко присуство и онлајн наставата се запрени, пренесува ДПА.сд/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан