• петок, 31 јануари 2025

Иран воведе санкции за американските дипломати во Ирак

Иран воведе санкции за американските дипломати во Ирак
Техеран, 23 октомври 2020 (МИА) - Иран воведе санкции против американскиот амбасадор во Ирак и уште двајца американски дипломати откако САД презедоа слични мерки против иранскиот амбасадор во Багдад, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. Портпарол на иранското Министерство за надворешни работи напиша на Твитер дека американскиот амбасадор во Багдад одигра клучна улога во координирањето на терористичките акти во Ирак и пошироко. Тој исто така наведе дека амбасадорот учествувал во организацијата на атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани. паг/

Остани поврзан