Иран би можел да дозволи инспектори од САД во нуклеарните постројки доколку се постигне договор
- Иран би можел да ѝ дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да испрати американски инспектори да ги посетат иранските нуклеарни постројки, доколку иде постигнат успех во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.
Техеран, 28 мај 2025 (МИА) – Иран би можел да ѝ дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да испрати американски инспектори да ги посетат иранските нуклеарни постројки, доколку иде постигнат успех во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.
Ова денеска го изјави раководителот на Иранската организација за атомска енергија, Мохамад Еслами.
- Нормално е инспектори од непријателски настроени држави да не се допуштаат во овие објекти, но ако постигнеме нуклеарен договор, можеби ќе им дозволиме на американски службеници на МААЕ да ги посетат нашите постројки, рече Еслами. јт/
Фото: МИА архива