• недела, 15 декември 2024

Ирански дипломат Арагчи: Каналите за комуникација меѓу нас и Американците се уште постојат

Ирански дипломат Арагчи: Каналите за комуникација меѓу нас и Американците се уште постојат

Teхеран, 13 ноември 2024 (МИА) - Највисокиот ирански дипломат Абас Арагчи изјави денеска дека каналите за комуникација со САД се се уште отворени, една недела откако Доналд Трамп е избран за претседател.

„Каналите за комуникација меѓу нас и Американците се уште постојат. Имаме разлики со Американците, кои понекогаш се многу фундаментални и централни... но мораме да управуваме со нив за да ги намалиме тензиите“, рече Абас Арагчи на маргините на неделниот состанок на владата.

Тој минатиот месец рече дека нема основа за индиректни нуклеарни преговори со САД.

„Не гледаме основа за тие разговори, се додека не можеме да ја надминеме сегашната криза“, рече Арагчи на 14 октомври за време на посетата на Оман, како дел од регионалната турнеја.

Оман долго време посредуваше меѓу Иран и САД, кои ги прекинаа врските по исламската револуција во 1979 година. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан