• недела, 22 декември 2024

ИОМ: Од 2017 година најмногу загинати мигранти регистрирани на Блискоисточната и Северноафриканската маршрута

ИОМ: Од 2017 година најмногу загинати мигранти регистрирани на Блискоисточната и Северноафриканската маршрута

Женева, 13 јуни 2023 (МИА) - Само минатата година при миграциските движења низ Блискиот Исток и Северна Африка загинале речиси 3.800 лица, што е најголема бројка од 2017 година, се наведува во денеска објавените податоци на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесе Хина.

Агенцијата на ОН во 2022 година регистрираше 3.789 смртни случаи на поморските и копнените патишта, вклучувајќи ги и преминувањата на пустината Сахара и Средоземното Море.

-Овој алармантен број на смртни случаи на миграциските движења во и надвор од регионот МЕНА (Блискиот Исток и Северна Африка) бара итно внимание и заеднички напори за зголемување на безбедноста и заштитата на мигрантите, изјави Отман Белбеиси, регионален директор на ИОМ за Блискиот Исток и Северна Африка.

ИОМ наведува дека најголем број смртни случаи по копнени патишта минатата година е забележан во војната во Јемен, каде, според ИОМ, се зголемило насоченото насилство врз мигрантите.

На поморските патишта кон Европа, ИОМ забележа зголемување на бројот на смртоносни инциденти при транспорт на мигранти со брод од Либан до Грција до Италија.

-Дури 84 отсто од оние кои загинале на морските патишта остануваат неидентификувани, оставајќи ги семејствата да бараат одговори, се вели во извештајот на ИОМ. мс/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан