• среда, 15 мај 2024

Инфлацијата во еврозоната опадна на 5,5, отсто

Инфлацијата во еврозоната опадна на 5,5, отсто

Брисел, 19 јули 2023 (МИА) - Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни изнесува 5,5 отсто, што е намалување во однос на мајската која беше 6,1 отсто, објави Евростат.

Најниска годишна стапка на инфлација во јуни е забележана во Луксембург – еден процент, Белгија и Шпанија – по 1,6 отсто, додека највисока е во Унгарија – 19,9 отсто, Словачка – 11,3 отсто и Чешка – 11,2 отсто.

На месечна основа, годишната стапка на инфлација падна во 25 земји-членки на Унијата, во Хрватска остана на 8,3 отсто, а во Германија порасна на 6,8 отсто од мајските 6,3 отсто.

Во Европската унија, јунската инфлација, од 7,1 отсто во мај, падна на 6,4 отсто, додека во јуни минатата година беше 9,6 отсто. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан