• сабота, 29 јуни 2024

Интернационален натпревар по англиски јазик во средното училиште во Делчево

Интернационален натпревар по англиски јазик во средното училиште во Делчево

Делчево, 16 ноември 2023 (МИА) - Во гимназијата ,,Методи Митевски - Брицо" во Делчево спроведен е Интернационален натпревар по знаење од предметот Англиски јазик. Натпреварот е организиран од Best in English со акредитација од Минстерство за образование и наука на Република Чешка за реализирање на интернационални натпревари.    

-Нашето училиште, по предходна селекција на учениците со пред-тест успешно го реализираше спроведувањето на натпреварот и сите ученици од прва до четврта година се покажаа со солидни резултати. Шеесет минути исполнети со брзина, спроведување на техники за читање со разбирање, следење на аудио-визуелни материјали со прашања за разбирање и дел од комуникативни вежби за оценување на тековното стекнато знаење, го каректиризира работното утро како успешно, изјави Дијана Атанасова, професор по англиски јазик и организатор на натпреварот.  

Во изминатите години како што додаде професор Желеанка Демирова која исто е дел од организацијата, настанот покажал  дека учениџите имаат мотивација и знаење да се натпреваруваат во светски рамки.   

-Секоја година се зголемува учеството на училишта од нашата држава, а ние досега секогаш го земаме првото место. На светско ниво исто така полека се искачуваме меѓу првите места. Документот со кој ќе се стекнат натпреварувачите без разлика на резултатите, ќе им послужи како доказ за познавање на англискиот јазик пред меѓународни институции, додаде Демирова.  Училиштето, како што рече таа, ќе продолжи да работи со ученици кои имаат висока мотивација за натпревари. вс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан