Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница на 25 март отворање на изложба на слики од 33. Лесновска ликовна колонија
- Поставка на дела изработени во текот на 33 – та Лесновска ликовна колонија ќе се најде пред виничани утре, 25 март, во ДК „Тошо Арсов“.
Виница, 24 март 2026 (МИА) - Поставка на дела изработени во текот на 33 – та Лесновска ликовна колонија ќе се најде пред виничани утре, 25 март, во ДК „Тошо Арсов“.
Изложбата се состои од дваесетина слики работени од 13 учесници на колонијата што се одржа мината години во месец јули, во организација на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
Свеченото отворање е закажано во 12 часот.
Приказната наречена „Лесновска ликовна колонија“ започнува во1992 година. Низ неа досега поминале стотици ликовни уметници од различни делови на светот. Насликаното од нив е дел од богата збирка на дела што ја чува организаторот, ДК „Злетовски рудар“ .
Сликите од 33. Лесновска ликовна колонија во ДК „Тошо Арсов“ во Виница ќе можат да се погледнат во наредните две недели. ис/сст/
фото: плаката на ДК „Тошо Арсов“